Денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јули, 2019 13:37

Денеска е голем празник: Го славиме Соборот на Свети Архангел!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се празнува Свети архангел Гаврил, празникот кој се празнува веднаш по Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот.

Денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Потрудете се денеска да направите некое добро дело, па дури и некое симболично.

Овој празник уште е познат како отелотворение на Светиот Дух. Христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед.

Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Талмудот вели дека тој е единствениот ангел кој знае да зборува сириски и арамејски. Во Исламот Гаврил е еден од главните Божји гласници но другиве горенаведени титули не му се припишуваат (бидејќи, на пример, ангел на смрта е Азраил).

Во Католичкото Предание се смета за еден од архангелите. Во исламот е главниот од четирите блажени ангели и духот на вистината, а според некои други (неисламски) гледишта, Гаврил и Светиот Дух се едно исто. Се споменува и во Бахаизмот, највеќе во мистичното дело Бахаула со наслов Седумте долини.

Името Гаврил за прв пат се јавува во Книгата на пророкот Даниел. Дејствието се одвива во вавилонското пленство: еврејскиот водач Даниел толкува неколку привиденија кои ги имал додека бил во прогонство, кога Гаврил му се појавува со порака за „Последното време“:

„…Кога јас, Даниел, гледајќи го овој привид, барав да го разберам, ете, пред мене застана како некој човек. Чув човечки глас како вика од сред Улај: „Гаврило, објасни му го тоа привидение! Тој тргна онаму каде што стоев, и кога ми се приближи, ме опфати страв, и паднав на лице. Тој ми рече: „Човечки сине, разбери: зашто ова видение е за последното време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести