По повод одбележувањето на јубилејот 40 години работење на рудникот „Бучим“ премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати во Радовиш.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 август, 2019 7:39

ДЕНЕСКА Е ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ: Премиерот Заев во посета на рудникот “Бучим”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По повод Денот на рударите – 28 Август премиерот Зоран Заев денеска ќе има обраќање во Радовиш во рудникот Бучим.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по повод Денот на рударите ќе го посетат рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица.

По повод одбележувањето на јубилејот 40 години работење на рудникот „Бучим“ премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати во Радовиш.

Рудникот „Бучим“ е рудник за бакар, злато и сребро оддалечен 12 км северно од Радовиш.

Во негова близина се наоѓа бившиот рудникот Дамјан. Рудникот е најголемиот вработувач на населението од Општина Радовиш. Започнал со работа во 1979 година. Во деведесеттите рудникот вработувал 850 луѓе, а денес во него работат околу 550 работници. Просечната плата е 380 евра по работник. 

До 1999 година рудникот беше во државна сопственост. За тоа време инвестирал и изградил сопствен дисконтен центар со ладилници, спортско-рекреативен центар Шампион со базени и ресторан, рударско одморалиште во Дојран, амбуланта, поседувал акционерски капитал во АД Голдмак – Радовиш и поситни удели во други реномирани македонски фирми и банки.

Од 1999-2003 година со рудникот управува фирмата „Семкорп“. Потоа поради многугодишно лошо менаџирање, долгови (т.н. фирма загубар) и проблеми со работењето рудникот се затвора до 2006 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.