-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела, вели министерката за правда Рената Дескоска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јули, 2019 9:44

ДЕСКОСКА: “Настаните кои се случија со РЕКЕТ и СЈО се ШОКАНТНИ”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите коишто очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата, вели министерката за правда Рената Дескоска.

Во интервју за Телма министерката за правда Рената Дескоска, рече дека настаните што се случија даваат верба од една страна дека навистина институцијата, што претходно, пак, не функционираше, а тоа е одделението за организиран криминал.

Таа потенцираше дека сега одеднаш навистина се има капацитетност, волја и спремност на тие луѓе внатре да излезат и да покренат кривични постапки против лица кои што на некој начин, се претставувале дека се можни во една држава, значи да заштитат други лица кои што биле предмет или постои сомнеж дека биле предмет на рекет, што не беше случај во изминатиот период, во периодот на претходната влада,  изјави министерката.

Како што тврди министерката, тоа дава надеж дека дури и постојните институции можат да одговараат на предизвиците ако извршната власт не им се меша и не им врши притисок.

-Мислам дека тоа е охрабрувачки сигнал. Така што и тоа е еден од мотивите што сакаме реално да го зајакнеме ова обвинителство за организиран криминал со можности и финансиски и кадровски, бидејќи гледаме дека има потенцијал кој што навистина дава резултати, подвлекува министерката за правда Дескоска.

-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите коишто очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата. Но, мислам дека личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.