Сепак, смета Дескоска, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада и оти затоа е бесцелно неконструктивното однесување на кој било во процесот на носење на законот.

Објавил: Весна Петровска | 13 септември, 2019 13:49

Дескоска: Предметите на СЈО ќе имаат завршница

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Рената Дескоска денеска порача дека без силно, независно обвинителство попусто се говори за правна држава и ги повика пратениците кои треба да гласаат за новиот закон да размислат каде ја гледаат иднината на земјата. Во обраќањето на почетокот на твининг-проект за поддршка на Јавното обвинителство, Дескоска рече дека носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО и нивниот трансфер во ЈО, но е потребно заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем.

-Јасно е дека без силно, независно обвинителство попусто говориме за правна држава. Вложувањето во обвинителството е инвестиција во градење правна држава. Но, не само тоа. Обвинителствата создаваат и вредност за државата: ги враќаат украдените пари на граѓаните. Клучни за градење на правната држава се: добрите закони, вложувањето во обвинителствата, судовите, капацитетите на правосудните органи. Во оваа прилика уште еднаш ги повикувам сите патеници во Собранието да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја. Дали нивните европски аспирации се искрени и дали се подготвени спремни да придонесат за јакнење на правната држава кај нас и да ја дадат поддршката за Законот за Јавното обвинителство, рече Дескоска.

Министерката за правда Рената Дескоска апелираше пратениците да размислат за европската иднина на земјата и да го поддржат Законот за јавно обвинителство.

Сега, додаде таа, веќе е извесно дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите.

-Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15-ти септември да нема специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година, тој план направи штета, но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во Републичкото јавно обвинителство. Целосно се тргна и можноста за какво било негативно влијание од мислењето на Врховниот суд, истакна Дескоска.

Сепак, смета Дескоска, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада и оти затоа е бесцелно неконструктивното однесување на кој било во процесот на носење на законот.

-Можеби носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО, но потребен е заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем, потенцира министерката за правда и апелираше во пресрет на одлуката за датум за преговори, сите да ги стават државните интереси над партиските.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести