Нус појавите на модерната технологија

Објавил: Узунов Бобан | 16 април, 2019 16:25

Деца од Битола си исекле вени инспирирани од видео игрите “Момо” и “Синиот кит”

Фото/Текст извор: ©магазин

Од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ повредени се и основци во Македонија. Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени.  

Врз основа на сликата на скулптурата „птица жена“ од Јапонија, демонот Момо станал нешто како урбана онлајн легенда. Момо со раширени очи, бушава коса и морничава насмевка потсетува на ноќен дух од хорор филмот „Прстен“ во која група тинејџери гледа касета со бизарни и хорор снимки, а потоа сите се убиени во следните седум дена.

Според нашите информации, бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од овие игри е далеку поголем. Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски за нашата телевизија го потврди случајот. Вели, се се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите. А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште. Дознаваме дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца.

Од МВР се уште ги проверуваат информациите.

Инаку од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата  игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.

Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку ги одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести