Шефот на Македонската дипломатија, кој очајно сака да стане Северна, Никола Димитров избран за маж со најдобар стил, министерот со констатација, подобро згоден - отколку паметен

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 6:43

Димитров: Подобро згоден, отколку паметен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонија го бираше својот маж на годината за 2018 година на настанот во организација на Friday.mk и агенцијата за организирање на настани Моментум.

На гала вечерта присуствуваа само „избрани“ јавни лица од бизнис секторот, политиката, естрадата, телевизијата, јавниот живот.

Меѓу нив и наградените 10 најуспешни мажи во Македонија за 2018 година.

Во избраната „машка елита“ на годината, лауреати од разни фели: од бизнисмени, преку ТВ водители до политичари.

Наградени за маж со трајни вредности, маж за најголем придонес во општеството, маж – менаџер, маж – најмлад менаџер, маж странец во Македонија, најмаж на социјалните мрежи.

Меѓу сите избрани беше и министерот за надворешни работи на Република Македонија или Северна ќе да беше според него, Никола Димитров.И тоа избран за маж со најдобар стил.

Веднаш по добивањето на наградата, Димитров на социјалните мрежи излезе со коментар за настанот и за добиеното признание па напиша подобро да биде згоден отколку паметен.

Подобро згоден, отколку паметен, се тешев вчера пред колегите. Само што наградата не е за згоден, туку за маж со најдобар стил, ми велат. Кога отидов на настанот, видов едно чудо подотерани од мене. Веројатно жирито избирало меѓу мажи политичари. Е сега за стил меѓу нив, што е право, право си е, не сум лош! – напиша Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести