Вкупниот број на починати во Швајцарија е 1.187, според Ројтерс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 април, 2020 14:08

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ШВАЈЦАРИЈА: Бројот на заразени се намалува од петокот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Швајцарија во последните починаа уште 45 лица, соопшти Агенцијата за јавно здравје.

Според Ројтерс, вкупниот број на починати во Швајцарија е 1.187 лица.

Бројот на корона-позитивен вирус се зголеми за 119 лица и заразени се вкупно 28.063. Бројот на заразени се намалува од петокот. На крајот на март, кога епидемијата беше на врвот во Швајцарија, дневно се пријавуваа 1.300 нови случаи.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.498.999 лицa. Од нив починати се 171.334, а оздравеле 657.895 луѓе.

Во Шпанија земја, во последните 24 часа починале 430 лица од компликации поврзани со инфекција со коронавирусот, дополнително се заразени речиси 4.000. Бројот на регистрирани случаи се зголеми на 204.178 и 21.282 смртни случаи.

Така, бројот на ново заразени во таа земја скокна од претходниот ден (1.536) како и бројот на починати во однос на претходните два дена кога имаше меѓу 399 и 410 смртни случаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.