Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба, со германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин

Објавил: Македонка Димкин | 20 септември, 2018 18:14

Договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен со начелата и принципите на ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба, со германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин. На средбата беше потенцирано пријателство помеѓу Германија и Република Македонија, како и стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ и државата за членство во ЕУ и НАТО.

На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за престојниот референдум.

Мицкоски потенцираше дека Договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот.

Соговорниците се согласија дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.