Како што објавија тамошните медиуми, наводно Шемси, оваа идеја ја добил од својата пет годишна ќерка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 април, 2020 10:36

Додека Македонските болници се соочуваат со недостиг на медицинска опрема, тетовчанец купува златни јајца од 30.000 евра!

Фото/Текст извор: ©OhridNews

На лицитација организирана од страна на локалните власти на областа Венето, во Северна Италија македонскиот иселеник Мунир Шемси кој 28 години живее и работи во оваа бласт, верувале или не купил чоколадно јајце кое чини ни помалку ни повеќе, туку 30.000 евра.

Имено Мунир Шемси реализирал значајна донација за помош за надминување на кризата поради коронавирусот.

Во момент кога македонските болници се со недостиг на медицинска опрема, македонскиот иселеник купува јајце од 30.000 евра…

Како што објавија тамошните медиуми, наводно Шемси, оваа идеја ја добил од својата пет годишна ќерка. Малото девојче посакало да има чоколадно јајце па затоа Шемси го купил токму ова кое тежи 10 килограми, а чини неверојатни 30.000 евра.

Имено чоколадното јајце по иницијатива на Претседателот на регионот Венето, Лука Цаја, за велигденските празници било ставено на лицитација со почетна цена од 100 евра.

Овие пари од чоколадното јајце ќе бидат се наменети за помош на регионот за надминување на кризата од коронавирусот.

Претседателот на Венето изрази голема благодарност до Шемси, кој има свој приватен бизнис во Италија. Тој истакна дека оваа помош е од големо значење, посебно за овој дел од Италија, кој уште од почетокот на коронавирусот заедно со областа Ломбардија беше најпогоден од вирусот, и имаше најголем број заболени и жртви, а жителите се во карантин речиси месец и половина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.