Како што објави Ројтерс,  д-р Коли, посочил дека претседателот Трамп на кратко време бил во контакт со друг гостин на вечерата во Мар-а-Лаго, кај кој три дена подоцна биле манифестирани првите симптоми на вирусот корона.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2020 18:39

ДОКТОРОТ НА ТРАМП ПОРАЧА: Претседателот за сега не треба да се тестира!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако минатата недела имаше втора средба со лице кое подоцна беше тестирано и се покажа дека е позитивно на корона вирус, сепак американскиот претседател Доналд Трамп не треба да се тестира или изолира, изјави синоќа претседателскиот лекар Шин Конли.

Трамп минатата недела вечераше со гостите од Бразил кои го посетија неговиот имот,каде оствари средба и со претседателот Жаиро Болсонаро и неговиот советник за односи со јавност Фаби Вајнгартен, за кои подоцна се испостави дека се позитивни на вирусот корона.

Висок официјален претставник на бразилската влада, кој ги посети САД пред неколку дена и беше во близок контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, беше позитивен за вирусот корона, пренесуваат бразилските медиуми.

Како што објави Ројтерс,  д-р Коли, посочил дека претседателот Трамп на кратко време бил во контакт со друг гостин на вечерата во Мар-а-Лаго, кај кој три дена подоцна биле манифестирани првите симптоми на вирусот корона.

Средбата беше оценета како „ниско ризична“, така што претседателот Трамп не треба да се изолира во карантин, рече д-р Конли синоќа во изјавата.

Во меѓувреме, многу конгресмени и државјани на САД, кои на сличен начин биле изложени на ризик да го пренесат корона вирусот, се пријавиле доброволно да се изолираат и да сетестираат за короната, пренесува АП.

Покрај тоа што беше директно изложен на преносители на вирусот, Трамп имаше повеќе контакти со луѓе кои подоцна се тестираа и беа позитивни на Коронавирусот,  и отидоа во самоизолација.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.