Во Србија, утре на Ѓурѓовден ќе биде укината вонредната состојба. Сепак, експертите велат дека одредени мерки против епидемијата ќе останат на сила, и дека личната одговорност е клучна во наредниот период!

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2020 10:52

ДОКТОР КОН ЗА УКИНУВАЊЕТО АН ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ВО СРБИЈА: Сега секој сам ќе биде одговорен за заштита од Коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs

Внимание: Итните мерки кои беа воведени на почетокот на епидемијата се од особено значење, вклучувајќи социјално растојание, носење маски и ракавици, забрана за јавно собирање, одење на училишта, театри, кина…

Во Србија, утре на Ѓурѓовден ќе биде укината вонредната состојба. Сепак, експертите велат дека одредени мерки против епидемијата ќе останат на сила, и дека личната одговорност е клучна во наредниот период!

Кон најави дека 14-дневен карантин при влез во Србија сепак ќе остане на сила, но дека одлуките ќе бидат донесени во согласност со меѓународните договори и мерки.

– Ако се оди според планираното, вонредната состојба е укината на Ѓурѓевдан. Во среда предлогот ќе пристигне во Собранието, а откако ќе биде усвоен и објавен во Службен весник, тој ќе стапи во сила – синоќа најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Д-р Предраг Кон, епидемиолог и член на Кризниот штаб, посочи за српски Курир дека и понатаму ќе останат вонредните мерки од почетокот на прогласувањето на епидемијата кои се од особено значење, и показател дека државата направила сè што може, но дека сега само одговорното однесување на секој од нас ќе биде клучно.

Дури и по укинувањето на вонредната состојба, ќе остане забраната за јавно собирање, забраната за работа на училиштата, театрите и кината. Во градскиот превоз, ќе има обврска да се носи заштитна опрема, а за носење маски во затворени простории како што се продавници и маркети, сепак ќе видиме дали тоа ќе биде формулирано како забрана. Во секој случај, јасна препорака е да се почитуваат овие мерки – рече Кон, прецизирајќи дека наместо забрана за контакти, препораката би била да се избегнуваат контакти.

Кон најави дека 14-дневен карантин при влез во Србија сепак ќе остане на сила, но дека одлуките ќе бидат донесени во согласност со меѓународните договори и мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.