Од 4 јули е во сила вонредна состојба во Краљево поради влошената едемиолошка состојба, а Макан потенцира дека повеќето млади не ги почитуваат пропишаните мерки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јули, 2020 16:44

ДОКТОР ОД КРАЉЕВО ОЧАЕН: Кладилниците се полни, ова е голем епидемиолошки ризик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секојдневно се влошува и се влошува ситуацијата во Краљево, вели директорот на Институтот за јавно здравје Краљево, Александар Макан и додава дека се создаваат нови ризици за влошување на епидемиолошката состојба, како што се собири во кладилници. 

Тој исто така изјави дека вчера еден пациент починал како резултат на вирусот и додаде дека се чека потврда за уште две смртни случаи утрово.

„Чекаме потврда за нивната смрт, не можеме официјално да ги дадеме информациите. Вечерва ќе има изјава“, изјави Макан.

Тој исто така истакна дека коцкарските куќи се голем епидемиолошки ризик, затоа што во нив се собираат поголем број луѓе, кои не користат заштитна опрема и не ја почитуваат физичката дистанца.

„Постои голем епидемиолошки ризик, многу голем“, посочи Макан.

Од 4 јули е во сила вонредна состојба во Краљево поради влошената едемиолошка состојба, а Макан потенцира дека повеќето млади не ги почитуваат пропишаните мерки.

„Помладите се свесни, но не се придржуваат кон мерките. Тие се толку добро информирани, но тие едноставно не почитуваат ни еден предлог од владата“, рече Макан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.