Американскиот претседател ужива најниска популарност помеѓу европските граѓани

Објавил: Узунов Бобан | 3 јануари, 2019 16:20

Доналд Трамп задоволен што не е омилен меѓу Европјаните

Фото/Текст извор: ©dw.com/magazin

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сакал да биде популарен во Европа не би ја работел работота што ја има сега. Трамп ја нагласува огромната улога што САД ја обезбедуваат за европските нации и поради тоа тие треба да ги почитуваат САД. 

Во својот прв состанок на кабинетот во 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на неговата слаба популарност во Европа. Претседателот во средата им изјави на новинарите дека не му е познат неговиот рејтинг кај Европејците, притоа истакнувајќи дека неговата работа е да побара од Европа поправедливо да ги третира САД.

Италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента неодамна изјави дека Италија треба да ги зголеми тршоците за одбрана во висина од 2 % од БДП на земјата што не е во согласност со барањата на САД трошоците на европските земји да бидат во висина од 4 % од БДП.

“Затоа јас сум избран”, рече Трамп, повторувајќи дека европските земји мора да бидат принудени да го зголемат својот дел од трошоците за одбрана, што тој тоа го и прави постојано кога станува збор за финансирање на НАТО и за одбраната и безбедноста во Европа.

“Јас не би требало да бидам популарен во Европа. Ако бев популарен во Европа, тоа значи дека не ја вршам мојата работа”, додаде тој.

Трамп изјави дека Европа неправедно ги третира САД по прашањата за трговијата и одбраната и ги обвини претходните американските претседатели за тоа дека САД плаќале за безбедноста на другите нации. “Германија плаќа 1 отсто, тие треба да плаќаат 4 отсто”, рече Трамп, осврнувајќи се на германските одбранбени трошоци. 

Студија на Центарот за истражување Пју објавена во октомври 2018 година открива дека довербата во Трамп била неверојатно ниска во европските земји. Само 10 отсто од Германците, 9 отсто од Французите, 7 отсто од Шпанците и 28 отсто од Британците гледаат на Трамп позитивно во врска со справување со светските проблеми. 

Трамп е под силни критики во САД за растурање на односите со европските земји кои со децении се сметаат за традиционални сојузници на САД.

Најзначајната критика дојде кога поранешниот секретар за одбрана, Џим Матис, во писмото со кое ја најави неговата оставка истакна дека имале несогласувања со претседателот по прашањето  за “третирањето на сојузниците со почит”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести