Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет“, се вели во соопштението на судот.

Објавил: Перо Милчин | 29 јули, 2019 16:46

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Основниот суд во Велес ќе му суди на Владимир Панчевски!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, одлучено е дека ќе му се суди во судот во Велес.

Основното јавно обвинителство Скопје, на 8 ми јули соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Панчевски се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

 Како што стои во соопштението на судот, со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет.

-Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет“, се вели во соопштението на судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести