Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Објавил: Весна Петровска | 17 октомври, 2019 18:31

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ и дека мора да се бара план Б за иднината на државата.

Нејзиниот статус во целост.

Дописничката на МИА напиша на Твитер

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.

– Мислам дека тоа е добра вест. Договорот одговара на целите кои беа наши. Од европска страна да се брани интегритетот на заедничкиот пазар и нашите слободи и иднина и од британска страна да ги имаат сите гаранции за зачувување на нивниот интегритет и со желбата на нашите пријатели од Ирска да се зачува политичката рамнотежа, рече Макрон.

Договорот, според Макрон, е „добар компромис“, кој дозволува да одговори на сите овие цели.

За договорот ќе се дискутира на Советот, кој ќе биде претставен од преговарачот на ЕУ, Мишел Барние на кого и на неговите екипи, Макрон им изрази благодарност за многу квалитетната работа која беше направена од самиот почеток. Потоа само следува ратификацијата во британскиот и европскиот Парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести