И во Македонија имавме силно невреме со грмотевици и ветер, најмногу денеска беше погоден Неготино каде буквално градот беше под вода, а во скопската населба Кисела Вода едвај возачите успеваа да ги пројдат улиците кои беа преполни со вода.

Објавил: Весна Петровска | 20 јуни, 2019 0:13

ДРАМАТИЧНО НА БАЛКАНОТ: Белград како Венеција – пловеа автомобилите по булеварите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По пеколните температури на Балканот, времето направи вистински пресврт, силно невреме го зафати целиот регион.

Како што објавуваат српските медиумки,состојбата во Србија е хаотична по големото невреме што ја зафати земјата, но најголеми последици очигледно има во главниот град

Хаотична е сликата во главниот град Белград.

Семафорите се расипале, трамваите стоеле во вода, автобусите како да пловеле, а автомобилите ги носела надојдената вода.

И во Македонија имавме силно невреме со грмотевици и ветер, најмногу денеска беше погоден Неготино каде буквално градот беше под вода, а во скопската населба Кисела Вода едвај возачите успеваа да ги пројдат улиците кои беа преполни со вода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.