Од ДУИ велат дека токму Зибери беше столб на владата и Министерството заздравство во борбата против пандемијата и сите сме горди на неговата работа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2020 21:51

ДУИ: Др. Арбен Зибери ја извршува својата работа со професионализам и достоинство

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ќе го разреши Зибери од директорската функција во Центарот за јавно здравје реагираа од ДУИ, партијата чиј кандидат за пратеник во првата изборна единица е д-р Арбен Зибери.

Како и секој друг има право да изразува политички ставови во предизборни кампањи, заштитувајќи ја институцијата што ја води од какво било политичко инволвирање.

Од ДУИ велат дека токму Зибери беше столб на владата и Министерството заздравство во борбата против пандемијата и сите сме горди на неговата работа.

Го замолуваме министерот Филипче да не се обиде да го негира правото на политичко изразување во предизборната кампања заради неговите партиски калкулаци – реагира ДУИ.

Филипче, најави дека уште денеска ќе го разреши Зибери, откако тој се пофали дека тој издејствувал отварање на  границите без тестови, за да можат Албанците од дијаспората да гласаат. Министерот демантира дека изјавата на Зибери е вистина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести