Марковски укажа дека сега, после повеќе од два месеци од прогласувањето на пандемијата, веќе има посериозни студии поврзани со Ковид-19, но дека и најновите сознанија кои доаѓаат пред сè од Америка, Италија, Шпанија и други земји, не се разликуваат многу од оние кои на почетокот дојдоа од Кина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2020 20:41

Д-р Вело Марковски: Мора веднаш да се укинат полицискиот час и сите мерки!

Фото/Текст извор: ©галама.мк

Еден од најпознатите професори и инфектолози во земјава Вело Марковски во гостувањето  во емисијата ,,Фактор здравје” повторно го истакна својот став дека Вирусот корона кој се рашири низ целиот свет, не е многу вирулентен а смртноста останала на многу ниско ниво, додека пак повеќе од 70-80 проценти од заразените поминуваат со лесна слика.

Би требало да почнеме нормално да живееме и да видиме како ќе биде. Ако нешто драстично се врати пикот, може пак да се вратат рестриктивните мерки.

Марковски укажа дека сега, после повеќе од два месеци од прогласувањето на пандемијата, веќе има посериозни студии поврзани со Ковид-19, но дека и најновите сознанија кои доаѓаат пред сè од Америка, Италија, Шпанија и други земји, не се разликуваат многу од оние кои на почетокот дојдоа од Кина.

Иако постојано од здравствените власти во светото слушаме дека бројот на заболени се зголемува, и дека бројката достигна до 5 милиони заразени, сепак Д-р Вело Марковски вели дека некој што е позитивен на тестот, не значи дека е и болен, со што оваа бројка е многу помала.

Бројките за починати кои доаѓаа од Италија се нереални и таму најверојатно многу пациенти кои починале од други болести, биле евидентирани како Корона.

Според Марковски, Русија и Турција се земји за пример, кои одлично се справуваат со коронавирусот, каде бројот на починати е многу мал и покрај големиот број на заразени пациенти.

Марковски уште на почетокот велеше дека не се потребни карантин и полициски час, па така и сега тврди дека Владата треба да ги укине сите полициски часови и останати мерки, бидејќи на овој начин ние  би стекнале колективен имунитет. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести