Доктор Марковски вели дека нема потреба од носење ракавици но стои на ставот дека маски треба да се носат дури и во случај кога нема пандемија, оној кој не се чувствува добро треба да носи маска за да не го зарази другиот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јули, 2020 10:20

Д-р Марковски: Не треба да бидеме заложници на овој вирус, треба да живееме нормално и да го прифатиме!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во гостување во ТВ24 д-р Вело Марковски, и еден од најистакнатите инфектолзи во земјава, истакна дека се надева на тоа сите да стекнеме колективен имунитет.

Од целата оваа ситуација ќе излезат многу нови состојби и општествени, политички, економски и можеби ќе сфатиме дека во здравството треба да се инвестира, дека наши многу добри доктори ни одат во странство, дека на лекарите не треба да им се дава аплауз туку да им се покачат платите, потенцираше Марковски.

 

Не можеме да се чуваме од инфекции, треба да се навикнеме да живееме со нив. Секој од нас во себе носи барем по неколку вируси и голем број бактерии. Според мене, треба полека епидемиолозите и комисијата да размислат да ги олабават овие мерки за луѓето да се навикнат дека со оваа болест ќе живееме, сега таа ги напаѓа луѓето со намален имунитет. Да не бидеме заложници на овој вирус, треба да живееме нормално и да го прифатиме овој вирус. Да ги оставиме лекарите да се занимаваат со оваа болест и тие да се навикнат и да бидат спремни кога ќе дојде оваа болест – порачува Марковски.

Доктор Марковски вели дека нема потреба од носење ракавици но стои на ставот дека маски треба да се носат дури и во случај кога нема пандемија, оној кој не се чувствува добро треба да носи маска за да не го зарази другиот.

– Ракавиците, кого штитат и зошто штитат? Овие респиратни вируси не даваат проливи, не требаше да дојде корона за да миеме раце. Миењето раце е доволно после излегувањето надвор. Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции. Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...