Првите луѓе кои ќе ја водат Европа

Објавил: Узунов Бобан | 4 јули, 2019 9:04

Еве кои ќе бидат “шефови” во Европа следните години

Фото/Текст извор: ©off.net.mk/магазин

Со Европската комисија треба да раководи министерка која е оцената како најлоша во гернманскиот кабинет, Европскиот совет оди во рацете на Каталонец кој е против независност на Каталонија, а шеф на дипломатијата е Шпанец заради кој најмногу треба да му ја мисли Косово.

Урсула фон дер Лејен е ќерка на познатиот германски политичар Ернст Албрехт кој исто така има извршувано високи функции во ЕУ. Има 60 години, сопруга е на индустријалецот Хајк фон дер Лејен и мајка на седум деца. Полиглот, по професија е докторка која влегува во владата на Меркел. Политико за неа пишува дека е најслабата министерка во тој кабинет и дека раководи со ресор кој е запуштен и обременет со тешки сомневања за корупција. Нејзиниот избор едногласно се толкува како голема и по малку неочекувана победа на Ангела Меркел.  

Поранешниот германски министер за одбрана Мартин Шулц преку твитер напиша: Дер Лејен е нашиот најслаб министер. Ситуацијата во Буднесвертот е катастрофална. Очигледно тоа е доволно за да се стане претседател на Европската комисија

Кристин Лагард (63) ќе ја води Централната европска банка. Шефица е на ММФ, сака Американци (го поддржува Трамп во трговската војна со Кина) а кога беше министерка за финансии на Франција е прогласена за виновна за немар заради исплата на 400 милиони евра на луѓе на нејзиниот пријател Никола Саркози. Пред да влезе во влада, водела меѓународна адвокатска фирма со седиште во Чикаго. На листата најмоќни жени на светот на Форбс се наоѓа на третото место, после Меркел и Меј.

Шарл Мишел е новиот претседател на Европскиот совет кој со политика се занимава од својата 18 година. И татко му службувал во ЕУ а добар е со Макрон. Избран е на ова место со надеж дека како белгиски премиер има доволно искуство и вештина во изнаоѓање политички компромиси.

Јосип Борел (72) е предложен за висок претставник за надворешна и сигурносна политика, односно шеф на дипломатијата. Многу не го мириса Трамп (го вика каубоец), гласен противник е на неговата идеја за градење ѕид и генерално на американската политика кон мигрантите. Каталонец е, но е жестоко против независност на Каталонија. Шпанец на местото шеф на дипломатијата значи компликации за Косово бидејќи Шпанија не ја признава самопрогласената независност на Косово. Борел две деца со партнерка која ја запознал во еврејски кибуц а последниве две децении е во врска со Кристина Нарбора, претседателка на Социјалистичко-работничката партија.

Кадровските предлог- решенија треба да поминат во Европскиот парламент  кој е крајно поделен опколу изборот. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сé уште постои „голем прашалник“ дали Европскиот парламент ќе ги одобри номинираните кандидати кои треба да ја предводат Европската унија во наредните пет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести