Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јануари, 2021 9:57

ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ ВО ВЛАДАТА – Заев зема најмногу, втор е Спасовски (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74 273 денари нето плата од кои 9 303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска, според висината на платата, се следни. Шекеринска зема 72 989 денари, а Стефоска 72 670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71 385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70 102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж.

Останатите плати се движат од 68 до 70 000 денари.

Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65 612 односно 65 292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести