Каракамишева со правна аргументација за ништовноста на Северна Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 12 јануари, 2019 11:34

Еден од можните кандидатите за претседател од ВМРО: НИШТОВНО ИМ Е СЕ

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорката Каракамишева која важи за строг критичар на власта и силно се спротивставува на Преспанскиот договор на својот фејсбук профил напиша дека сите одлуки, почнувајќи од изборот на Џафери до гласањето на Договрот со Грција се ништовни и дека борбата допрва почнува. Каракамишева беше спомнувана во јавноста како еден од можните кандидати за претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ и дека и таа била вклучена во партиските анкети. 

Каракамишева беше вклучена на лидерските средби како главен правен советник на лидерот Мицкоски и според нашите извори следните чекори во врска со Преспанскиот договор токму ќе бидат под нејзина палка

НИШТОВНО ИМ Е СЕ!
1.Нелегални им се сите одлуки потпишани од пратеникот Џафери
2.Дополнително одлуката со која ја започнаа постап.за промена на Уставот ја донесоа со 80,а не со 81 пратеник.
Тоа што на крајот гласаа 81 пратеник не ја покри НЕЛЕГАЛНОСТА НА ИЗМЕНИТЕ! СЕ ЌЕ ВИ СРУШИМЕ!

Самиот факт што честитките за промената на името ни дојдоа исклучиво од странски претставници со мандат најмногу до мај и од една искезена наказа со истечен мандат Е УШТЕ ПОГОЛЕМ МОТИВ ЗА ПОЧЕТОК НА НОВА БОРБА ЗА МКД!
Кариеристите на заминување и 81 домашен предавник се МИНАТО! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

 

Според наши партиски извори, Тања Каракамишева е главен правен советник на лидерот Мицкоски и ставовите на партијата за важните реформски закони во правосудството и политчкиот систем поминуваат со нејзин амин.

Дилемата е доколку би била и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ставовите и чекорите на Каракамишева во врска со Преспанската спогодба ќе станат и официјални партиски ставови. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести