Форум за демократска Македонија и Анета Георгиевска Шајн, милениците на Адмонд Адеми се соочуваат со кривична пријава за лажно претставување

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 13:52

Едмонд Адеми сам си формираше дијаспора па и плати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Симтоматично е, што откако Владата на Заев го именува Едмонд Адеми за министер без ресор, задолжен за контакти со дијаспората, се прекинаа сите односи со постоечките организации, но се формираше инстант здружение.

Анета Георгиевска Шајн (трета од лево) со претставници на фиктивната ФДМ.

Имено, ни Заев ни Адеми не сакаа да го слушнат гласот на вистинската Македонска дијаспора, па измислија нова.

Ја именуваа како Форум за демократска Македонија, познат и како заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци низ целиот свет.

Заев и Адеми, заборавиле да им кажат дека ако помине Договорот со Грција кој ФДМ го поддржа, тие нема да бидат ничии потомци а најмалку иселеници на Македонија.

Но, како би го купиле молкот, се одобрија низа грантови за исти личности, кои се појавуваат како координатори на повеќе континенти. Така извесна Анета Георгиевска Шајн е координатор на проекти за ФДМ за неколку контитенти за кои Владата на Македонија доделува огромни суми пари.

Шајн е носител на 5 проекти и тоа 2 во САД, 2 во Австралија и еден во Малта.

Пет проекти на Шајн и ФДМ за чија реализаиција се исплатени огромни пари а никој не ги видел.

Токму тој во Малта, каде Македонија нема ни дипломатско ни конзуларно претставништво, е првиот кој ќе добие кривична пријава од страна на македонските иселеници, затоа што директорот на агенцијата за иселеништво на претставникот на Шајн и доделил грант од 106.400 евра за фиктивен проект.

Притоа, чести гости на ФДМ се Шекеринска, Димитров, Адеми, Ахмети но и Катица Јанеца и обвинители на СЈО.

Имено, проектите имаат ревизиски надзор од оној кој ги фондира т.е. во случајот од оној кој ги основал.

Адеми, кога и да е, ќе треба да одговори колку точно и дал на ФДМ и Шајн пари за 5 проекти, и зошто македонската дијаспора во САД, Австралија а и Малта воопшто не е запознаена со нив. До тогаш, ова е само нем факт, која дијаспора може да поддржи промена на уставното име на Република Македонија и негирање на постоењето на Македонската нација и идентитет во целост.

Онаа купената и платената.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести