Компанијата „Best Way Investment“, која е во сопственост на фамилијата Мијалкови неделава донираше 5.300 тестови за утврдување на ковид-19, во вкупна парична вредност од 3.095.730 денари (50.000 евра), за потребите на Министерството за здравство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2020 16:52

ЕКОНОМСКИ ЛИДЕР: Мијалков откри дека тој и филипче стојат зад скандалот вреден 37 милиони евра!?

Фото/Текст извор: ©Економски Лидер

Во моментите кога доаѓаат огромни критики до власта дека нема доволно тестови за вирусот „Ковид-19“ и дека не се тестира доволно, Сашо Мијалков му се најде на министерот Венко Филипче и му донираше тестови од производител познат по најголемиот корупциски скандал во Македонија од 2018 година, .

НО

Оваа вест, за големата филантропија на семејствто на озогласениот екс-директор на УБК требаше да прикаже колку се Мијалкови хумани, но сакајќи или не, тие се разоткрија дека можеби стојат зад најголемиот скандал на министерот Венко Филипче, кој вредеше 37 милиони евра со кои требаше да се направи централизирана набавка на реагенси.

Имено, на 20 јули 2018 година, Економски Лидер, го објави скандалот со набавката во Министерството за здравство во која за реагенси и апарати за испитување на крвна слика се фаворизираше производителот „Abbott“, а набавката вредеше 37 милиони евра. Ова е еден од најголемите скандали на актуелната власт. Компанијата „Abbott“ во нашата земја е застапувана од бизнисменот Александар Јовановски – Жути.

Да биде ситуацијата уште поинтересна, тестовите кои сега Мијалкови ги донираат се произведени токму од истата компанија, обелодени Економски Лидер.

-Tестовите се производство на американската компанија „Abbott Molecular inc“, која е еден од пионерите на тоа поле во светот и се сметаат за чекор напред на светската наука во борбата со коронавирусот. Со овие тестови се очекува пресврт во битката со коронавирусот и преку нив може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на ковид-19 и кои можат што поскоро да им се вратат на работните обврски, со цел да спречат продлабочување на економската криза, соопштија од фирмата на Мијалкови.

Мијалкови во пријателски односи со компанијата на „Жути“

Тоа што донираните тестови се од брендот кој во Македонија го застапува Александар Јовановски – Жути не е единствен индикатор дека можеби зад тендерот кој е поништен стои токму бизнис империјата на екс-директорот на УБК.

Имено, уште следниот ден, на 21 јули 2018, беше објавено дека синот на Мијалков, Јордан, е близок пријател со бизнисменот кој го претставува Abbott во Македонија. Излегоа и фотографии кои потврдија дека тие се дружеле заедно.

Имено, уште следниот ден, на 21 јули 2018, беше објавено дека синот на Мијалков, Јордан, е близок пријател со бизнисменот кој го претставува Abbott во Македонија. Излегоа и фотографии кои потврдија дека тие се дружеле заедно.

Кладилницата „Макс-Бет“ на Мијалкови и компанијата на таткото на Жути, до скоро имаа заедничка маркетиншка кампања на режимскиот медиумски агрегат time.mk, што уште една поврзаност помеѓу нив.

Набавката на тестови од брендот Abbott, дружбата на Жути со Јордан Мијалков и одлуката на се постави банер на исто место, јасно индицира дека можеби Мијалкови заедно со министерот за здравство, Венко Филипче стоеле зад обидот за местење на тендер од 37 милиони евра. Ако се има предвид дека тогаш во тендерската документација јасно се фаворизираше истиот производител.

Тогаш министерот Филипче до последен момент го бранеше коруптивниот тендер, кој беше стопиран дури откако се вмеша Антикорупциска и имаше огромен притисок од јавноста.

Коалицијата на Сашо Мијалков со актуелната власт е често како тема отварана од функционерите на неговата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ. А сега, во клучен момент кога токму од опозицијата критикуваат дека нема тестови за корона во државата – Мијалкови донираат тестови за власта.

Мијалкови веќе не ја кријат својата империја

Бизнис империјата на Мијалкови во Македонија вреди неколку десетици милиони евра, а како официјално лице за истата е Јордан Мијалков синот на екс-директорот на УБК. Тие порано функционираа на некој начин притаено, но сега, централната компанија си го објави милионското портфолио на својата веб страница.

Како со обична плата од УБК Мијалков успеал да заработи волку многу пари и да го поседува најелитниот хотел во Скопје, останува нејасно. Но комплетно легалното портфолио на бизниси на семејството може да се најде на вебстраницата на Best Way Investment. Хотелот Мериот, Кладилниците на Мијалкови, нафтените компании, се е наведено таму.

Дури, во стилот на голем американски бизнисмен, 27 годишниот Јордан Мијалков пратил и порака за мисијата и визијата, потпишана со своерачен потпис, објави Економски Лидер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести