Маја Трпковска, мајката на убиеното момче Пино, поднесе тужба против секторот за исчезнати лица.

Објавил: Перо Милчин | 30 јуни, 2019 14:41

ЕКСКЛУЗИВНО: Мајката на Пино поднесе ТУЖБА против Министерството за Внатрешни работи!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Маја Трпковска, мајката на сурово убиеното момче Пино Секондо, поднесе тужба против МВР, секторот за потраги и исчезнати лица.

Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели беа во потрага целото време, но за жал случајот заврши трагично.

Додека Маја со сите сили и можности трагаше по своето исчезнато дете, како што вели таа, во секторот за потраги и исчезнати лица, не мрднаа ни со малиот прст. На ожалостената мајка и спуштале слушалки, (во која како што вели таа поседува и видео снимка), а исто така и одговарале на непрофесионален начин, кога прашувала дали има некаква трага од незиното исчезнато дете.

Маја Трпковска, мајката на убиеното момче Пино, кое ѕверски беше убиено од Али Фуркан кое во бегство и соучесникот монструмот Ангела Ѓорѓиевска, девојката која го испланирала целото убиство, напиша на социјалните мрежи дека поднела тужба против МВР, сектор за потраги и исчезнати лица.

Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Маја Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица. 

Телото на Пино беше најдено на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.

,,На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

Ангела Ѓорѓиевска според првичните информации од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино.
Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци. На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Девојката била на полиграф но го поминала.

По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона.

По Ф.А. распишан е централен распис. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести