ЕПП призна дека ни Меркел ни Курц се немоќни да извршат притисок врз ВМРО - ДПМНЕ да го прекрши Уставот и пратениците да гласаат за уставни измени од пропаднат референдум

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 7:24

ЕПП немоќни да го “зауздаат” ВМРО – ДПМНЕ, почнаа со закани

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

ВМРО – ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот Договор, брифираат членови на ЕПП.

ЕПП или Европската Народна Партија, е најголемата и највлијателната политичка група во Европската Унија, во неа членуваат речиси сите демохристијански партии од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.

Извори во оваа партија објаснуваатдека однесувањето на опозициската ВМРО – ДПМНЕ предизвикала голем гнев кај највисоките челници на ЕПП.

Викендов претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО -Д ПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дол на “крајно недипломатски и на строг начин” го предупредил Мицкоски дека доколку ВМРО – ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор, партијата “ќе мора целосно да ја сноси одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата”.

Дипломатите во Брисел стравуваат дека без Преспанскиот Договор, Македонија ќе биде изолирана, политички и економски и дека со соочува со сериозен ризик од демократско назадување.

Челници на ЕПП му ставиле до знаење на Мицкоски дека една од можните последици со кои се соочува ВМРО – ДПМНЕ е исклучување од редовите на нивното европско семејство.

Еврокомесарот Јоханес Хан, кој е исто така од редовите на ЕПП, во интервју изрази загриженост за информациите дека ВМРО – ДПМНЕ ги заплашува и им се заканува на пратениците кои би сакале да гласаат за уставните амандмани.

Членовите на ЕПП одбиваат јавно да коментираат, единствена реакција беше твит на претседателот Дол во понеделникот вечер во кој тој изрази разочарување за неконструктивноста на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицковски не влегол во конфликт со ЕПП, но бил целосно затворен. Ниту пораките од ЕПП, ниту оние на Ангела Меркел или Себастијан Курц немале никаков ефект врз претседателот на најголемата опозициска партија.

И покрај острите критики од Европската Комисија во минатото за владеењето на ВМРО – ДПМНЕ, ЕПП никогаш до сега јавно не изразила разочарување и несогласување со својата сестринска партија во Македонија.

Интересено е што основен предзнак на сите членки на ЕПП е демохристијанската, народна, националистичка идеологија, која подразбира фундаментален примат во одбраната на националните интереси и атрибути на една суверена држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика