Оваа одлука е во рамки на ублажување на мерките кои се воведени поради пандемијата на коронавирус.

Објавил: Владо Марин | 29 мај, 2020 9:43

Ергодан најави ублажување на мерките : Се отвараат рестораните, парковите и спортските објекти!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека од 1 јуни ќе бидат дозволени меѓуградски патувања како и дека ќе бидат отворени рестораните, парковите, спортските објекти…

Оваа одлука е во рамки на ублажување на мерките кои се воведени поради пандемијата на коронавирус.

Додека пак францускиот премиер Едуар Филип вчера потврди дека одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ ќе биде донесена по 15 јуни со заедничка европска координација! 

Франција, го поддржува повторното отворање на границите во ЕУ, откако најпрво се осврна на прашањето за надворешните граници кон Европската Унија, прецизирајќи дека европските земји ќе одлучат дали повторно ќе ги отворат на 15 јуни.

Исто така, на овој датум 15 јуни, Франција повика на повторно отворање на внатрешните граници на  Европската Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.