Европската Унија, ги повикува граѓаните да го искористат своето гласачко право

Објавил: admin@magazin | 23 април, 2019 8:42

ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич, изјави дека, според извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, „фундаменталните слободи на здружување и изразување беа почитувани“ во првиот круг претседателските избори и оти генералната оценка за нив е позитивна.

Сите тројца кандидати, како што истакна шефот на ПС на ОБСЕ Рајн Холд Лопатка, се залагале за натамошна европска интеграција и дека во кампањата се расправало за суштински проблеми со дебати за нивните визии за иднината на земјата.

„Останува потребно да се финализираат претходно започнатите реформи на изборното законодавство“, потсетува Коцијанчич.

Европската Унија, ги повикува граѓаните на Северна Македонија да го искористат своето гласачко право во вториот круг на 5-ти мај и масовно да излезат да гласаат.

Првиот круг гласање на претседателските избори генерално доби позитивна оценка од меѓународните набљудувачи, но со забелешка дека сé уште има потреба од реформи во изборното законодавство.

– Овие мирни генерално добро организирани избори покажаа дека може да се изнајде политички волја за одржување демократски избори, рече Серин Мобурн, специјална координаторка и шеф на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Таа истакна дека овој конструктивен пристап мора да се задржи и во вториот круг, како и во иднина и подвлече дека ќе биде вложен вистински труд за усвојување на кохерентно изборно законодавство и конечно да се решат долгорочните предизвици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.