Тензичен крај на дуелот: Заев му подари на Мицкоски значка со Македонија и НАТО, а Мицкоски Луј Витон паричник

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 февруари, 2020 9:17

ЕФТОВ: Во вчерашниот дуел нема победници, има само поразени- македонците се поразени како народ, заслужуваме повеќе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вчерашниот дуел со Христијан Мицкоски рече дека исто како да го слуша Груевски.

-За мене е истата матрица, како да го слушам Груевски, рече Заев.

И тогаш и сега постои уверувањето дека извршната власт е одговорна за судската. Тоа не е така. Извршната власт ги овозможи законите. Ние очекуваме судството да ги носи одлуките самостојно и независно. Затоа цело време кажувам дека не можете да се одлепите од Груевски, ги зборувате истите работи како него. Има прилика да се оградите од Груевски, еве пред камерите, кажете дека се оградувате од него, рече Заев.

Тензичен крај на дуелот: Заев му подари на Мицкоски значка со Македонија и НАТО, а Мицкоски Луј Витон паричник.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел со Зоран Заев одби да го коментира владеењето на претходна власт на ВМРО-ДПМНЕ и не одговори на прашањето како граѓаните сега да веруваат дека овојпат партијата искрено сака да го реформира судството.

-Претпоставувам дека треба да го повикате Никола Груевски и тогашните министри и тие да кажат за нивното владеење. Јас можам да зборувам за тоа што сум сведок, а тоа е владеењето на господинот Зоран Заев. Не е лошо Заев да кажете еве јас не успеав да го реформираме судството. Ако порано беше познато Сваровски судството, сега имаме Луј Витон судство. Мислам дека луѓе што се во просторијава имаат поголеми контакти со Груевски, јас немам, рече Мицкоски.

Пред крајот на дуелот, Заев му подари на Мицкоски значка со знамињата на Македонија и НАТО и рече дека тоа е нешто за кое и двајцата се залагале, а и гласале.
Мицкоски го прифати подарокот и му „возврати“ со подарок Луј Витон паричник. Заев го одби подарокот како некултурен потег и рече дека со ова се видело кој какви намери има.

Новинарот Васко Ефтов веднаш после дуелот помеѓу Мицкоски и Заев напиша дека за него нема победници и дека македонсците се поразени бидејќи заслужуваат многу повеќе.

Го гледав вчера дуелот. За мене нема победници, има само поразени. Поразени сме ние македонците. Ние заслужуваме многу повеќе и како држава и како народ, многу повеќе, пишува Васко Ефтов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика