Основна цена на овој модел автомобил чини над 30.000 евра.

Објавил: Перо Милчин | 23 март, 2020 22:05

ЗАЕВИ СЕ ПОФАЛИЈА СО НОВ КАБРИОЛЕТ ОД 30.000 евра: Внуката на ЗАЕВ, Ева се пофали со нова кола(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©инфомакс

Сите вработени во администрацијата, освен докторите, во следните два месеци (април и мај) ќе добиваат само 14.500 денари плата, односно, плата во висина на минимално утврдениот надоместок, информираше вчера Зоран Заев од партиското седиште на СДСМ.

И додека граѓаните коваат планови како ќе се справат со овие минимални примања во услови на вонредна состојба, семејството Заеви на социјалните мрежи ликува со своето богатство, пишува Инфомакс.

Основна цена на овој модел автомобил чини над 30.000 евра.

На социјалните мрежи, поточно на Инстаграм, веќе се шири фотографија која ја објавила Ева Заева од нејзиниот нов автомобил – „Волксваген Битл“ кабриолет.

Основна цена на овој модел автомобил чини над 30.000 евра.

Колку за споредба, екс-премиерот на Италија Силвио Берлускони кој важи за еден од најбогатите луѓе во земјата, за справување со епидемијата од коронавирусот донираше 10 милиони евра. 

Најбогатото семејство во Македонија, Заеви, им ја скратија платата на административците и си купија кабриолет.

Внуката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, 18-годишната Ева Заева постојано истакнува дека во себе носи огромен моден потенцијал.

Таа веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, а зад секоја објавена фотографија на социјалните мрежи добива низа позитивни коментари од оние кои ја поддржуваат во она што го работи, но и од оние кои се восхитуваат на нејзината убавина.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести