Инспекторот Ѓорѓи откри скандал во образованието, а прекршител на законот е токму министерот за образование!

Објавил: Данаил Михајловски | 7 јуни, 2019 22:14

Заев има скандал во образованието, инспекторот го откри, а министрите сакаат да го прикријат!

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Овие денови херој на спроведување на законот кон секого е Ѓорѓи Илиевски, просветен инспектор, кој ги откри незаконските професорски звања на министерот за образование Арбр Адеми, и на заменикот во МВР, Агим Нухиу, на Тетовскиот универзитет. И покрај тоа што добивал закани да не го објавува случајот, сепак инспекторот Ѓорѓи го објави овој скандал, а за истиот ги известил премиерот Заев, но и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Македонија. Во самиот скандал не само што постои морална одговорност за неотповиклива оставка на министрите Адеми и Нухиу, туку има основи и за кривична одговорност за злоупотреба на службена положба и овластување (член 353 од КЗ), за што и двајцата би можеле да бидат осудени со затворски казни од 6 месеци до три години. Заев треба да избере меѓу инспекторот Ѓорѓи или министрите Адеми и Нухиу!

Во неговото интервју за ТВ21 инспекторот Ѓорѓи Илиевски изјави “веќе имам проблеми и закани, заплашувања од јавни функционери и други личности, а замолен сум и од министерот за образование Адеми и од заменикот министер за внатрешни работи Нухиу, да го стопирам и скријам тој случај, што не е можно бидејќи би било злоупотреба од моја страна и правење на кривично дело. Затоа целокупната документација е доставена до премиерот Заев, до Антикорупциската комисија, како и сите странски амбасади. Значи ако одиме со тое „Едно општество за сите“, законот треба да важи за сите, па и за функционерите, а не само за обичниот работник“.

Заменик министерот во МВР, Агим Нухиу, на незаконит начин се стекнал со професорско звање на Тетовскиот универзитет. Откако скандалот бил откриен од страна на инспекторот Ѓорѓи, заменикот министер му се јавувал да го замоли да го скрие случајот и да го стопира, што според кривичниот законик е незаконско прикривање на кривично дело. Бидејќи сите амбасади на членките на ЕУ во Македонија се запознаени за овој скандал, се очекува Заев да предложи разрешување на минстерот за образование Адеми, какои и на заменикот министер Нухиу.

Ваквиот скандал во образованието и на факултетите, особено кога се работи за министер за образование кој треба да биде пример за почитување на законите за образование, доколку би се случиле во Словенија, Австрија или Франција, би биле сериозен политички потрес кој сигурно би повлекол и оставки на функционерите, но и нивна одговорност пред судот. Случајот тешко ќе може да се заташка бидејќи ваквиот скандал, според начинот на комуникација преку амбасадите, сигурно веќе е стигнат како телеграма до германското, француското, холандското министерство за надворешни работи, и несомнено за истите незаконитости се запознаени и дипломатите во Брисел кои работат на досието на Македонија и степенот на почитување на правото.

Премиерот Заев, министерот Димитров и вицепремиерот Османи деновиве се трудат да ги убедат Меркел, Макрон и Руте дека во Македонија владее правото, дека има реформи и дека тоа се аргументи за почеток на преговорите со ЕУ. Но, тешко е да ги убедите туѓите премиери дека во Македонија има законитост, особено кога тие се добро информирани дека дел од министрите на Заев се прекршители на законите во нашата држава. Време е законите да важат подеднакво за сите!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...