Ова е прва директна средба Заев - Вучиќ по минатогодишната во Белград за аферата со која Македонските власти имале разузнавачки делувања врз нивната амбасада во Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 8:08

Заев и Вучиќ денес со средба на Табановце

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес кај граничниот премин Табановце треба да се сретнат македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Средбата е најавена кога Белград и Приштина го актуелизираат прашањето за границата. Македонија е заинтересирана да нема излевање на било каков конфликт или непријателство.

Утрешната средба Заев – Вучиќ на граничниот премин Табановце – Прешево според најавите се однесува на примена на проектот за заедничко гранично управување – One Stop Shop, но се очекува да се разговара и за посериозни теми.

Заев кон крајот на минатата година беше во официјална посета на Белград, која следуваше откако Србија го повика целиот персонал во амбасадата во Скопје на итни консултации, поради, како што тогаш објасни Вучиќ, разузнавачко дејствување против Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести