Продолжуваат партиските преговори за судбината на СЈО ?

Објавил: Узунов Бобан | 8 мај, 2019 11:01

Заев и Мицковски ќе одлучуваат за судбината на Катица Јанева и СЈО !

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателските избори ги замрзнаа преговорите меѓу власта и опозицијата за судбината на СЈО, и денеска продолжува нова рунда на преговори. Иако доаѓаат оптимистични изјави од власта, опозицијата е резервирана и претпазлива во однос на тоа за што ќе се согласат и што е камен на сопнување во преговорите.  

Од министерството за правда, велат дека очекуваат интензивирање на преговорите за законот за јавното обвинителство во кое ќе се вметне и Специјалното јавно обвинителство. Оттаму велат дека сè уште ги чекаат одговорите на измените на предлог законот кој министерството за правда им го достави на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти април. 

Во меѓувреме од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема став за нивните планови и стратегии околу иднината на СЈО. Она што досега јавно го соопштија за време на претседателската кампања беше дека нивниот став е СЈО да не постои како посебно одделение во ЈО, туку да се внесе во одделот за организиран криминал. Дополнително лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара и одговорност од обвинителите кои ,според одлуката на Врховниот суд, покренале истраги и предистражни дејствија по 30 јуни 2017 година.

Еден од предлозите на власта според министерката Дескоска е на актуелните обивнители во СЈО да им биде продолжен мандатот е целосно спротивен на изјавата на Заев кога кој пред претседателските избори изјави “кој сум јас, кој е Мицкоски, да ги бираме јавните обвинители“. Со ваквото решение за СЈО токму власта ги бира и им гарантира висока позиција на Катица Јанева и другите обвинители во рамките на Државното обвинителство. 

Претходно премиерот Зоран Заев најави дека преговорите ќе бидат покренати на лидерско ниво и дека ќе се обиде да изнајде поддршка од дел од опозициските пратеници затоа што за гласање на законот е потребно двотретинско мнозинство. 

„Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и господинот Мицкоски, што според мене претставува исчекор кон постигнување на решение за едно од најсуштествените различности кои што постоеја претходно. Тоа за мене претставува надеж дека можеме уште малку да се потрудиме двете страни и да дојдеме до договор точно во рокот, затоа што се избројани деновите на е затворање на извештајот на ЕК, изјави вчера премиерот Заев. 

Камен на сопнување е предлог решението на власта со кое се бара Катица Јанева и нејзината екипа на јавни обвинители да останат во СЈО. Ваквиот предлог ја потврдува тезата дека Заев и обвинителите во СЈО се во блиски релации, со заедничка политичка и кариерна цел за што подолго задржување на власта и на статусот кој го уживаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести