Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук повика да се дадат што повеќе гласови за нашата претставничка, Тамара Тодевска која вечерва повторно имаше феноменална изведба со песната „Proud“.

Објавил: Весна Петровска | 18 мај, 2019 22:51

Заев и посака среќа на Тамара, но и испрати силна порака – премиерот се надева на победа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук повика да се дадат што повеќе гласови за нашата претставничка, Тамара Тодевска која вечерва повторно имаше феноменална изведба со песната „Proud“.

„Честитки за тимот на Тамара. Ние сме веќе горди на вас. На сите пријатели низ цела Европа гордо им порачуваме да гласаат за број 8 и да ја поддржат Северна Македонија. Ајде да го подигнеме нашиот глас и да го смениме начинот на кој светот ја гледа силата на жените“, напиша Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.