Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 декември, 2020 16:01

Заев на средба со Ахмети по првите 100 дена од мандатот: Имаме стабилна Влада која се потпира на здрави вредности

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата е сериозно посветена на правната државата, на економијата и на справување со пандемијата, заклучиле премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба.

После 100 дена од мандатот на Владата правиме пресек на сработеното и остварените резултати на централната власт и на парламентарното мнозинство.

Имаме Влада на граѓаните, стабилна, бидејќи се потпира на здрави вредности, на грижа за другиот, на разбирање и поддршка во тешки моменти.

Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата, вели Заев!

Во очи на денешниот состанок на широката владина коалиција, ми беше чест да му посакам добредојде во Владата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и да му искажам голема благодарност во мое лично име и во име на македонскиот народ за поддршката која ја дава во процесот на преговори меѓу Македонија и Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести