Мора да се донесат соодветните одлуки за да можеме, кога ќе влезат оперативите, да го работат патот, така што верувам дека со брза динамика ќе го завршуваме и ова патно решение“, рече Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 октомври, 2020 16:25

Заев: Од Скопје до Приштина за 45 минути, автопатот ќе биде готов за 2,5 години

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Автопатот Скопје-Приштина ќе почне да се гради во првото тромесечје од 2021 и верувам дека за 2,5 години ќе биде готов, рече денес премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Скопје со косовскиот премиер Авдулах Хоти.

 За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи Гранит. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница.

Во мометот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата, информираше денеска премиерот Зорен Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот колега Aвдулах Хоти, кој е во официјална посета на земјава.

Кога ќе тргнеме со физичката изградба на патот, можно е и за 2,5 години да завршиме со изградбата на автопатот. Застанати сме на полигонот Стенковец, мора да се реши, таму имаме и безбедносна зона којашто е поврзана со Генералштабот.

Мора да се донесат соодветните одлуки за да можеме, кога ќе влезат оперативите, да го работат патот, така што верувам дека со брза динамика ќе го завршуваме и ова патно решение“, рече Заев.

Косовскиот премиер рече дека на средбата се договориле да продолжат со проектите кои се во економски интерес на двете земји, како воведување на заедничка контрола на границата која треба да се поминува со само едно запирање!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести