На ваквата одлука на Заев да не биде присутен на инаугурацијата на Пендаровкси реагираа од ВМРО,

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 10:55

“Заев покажа непочитување кон Пендаровски, моторот му е поважен од инаугурацијата”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена ја извести јавноста дека ќе биде отсутен неколку денови поради користење одмор. На вчерашната инаугурација на новоизбраниот претседател чија поддршка беше токму тој, не се појави.

Од ВМРО регираат на одлуката на Заев да не присуствува на инаугурацијата на Пендаровски

На ваквата одлука на Заев да не биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски реагираа од ВМРО, од каде велат дека Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот.

Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста.Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски.Без разлика дали Пендаровски заслужил да стане претседател или не, давањето предност на возењето мотор е крајно непочитување и на државата и на институциите од страна на Заев. Зоран Заев избра уште еден слеп послушник и со изборен инжинеринг и контингенти договорени гласови го инсталираше на позицијата Претседател на Македонија.Впрочем Пендаровски е човек кој се фали дека е 102,5% ист со Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски нема кажано збор осуда на криминалот, корупцијата и непотизмот на власта. Истиот тој Пендаровски молчеше и не ги осуди амнестиите на криминалот на неговиот ментор Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски збор не кажа за отсуството на реформи во државата, поради кои најверојатно Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Тој како и досега, така и од сега ќе молчи и ќе прави се она кое што Заев ќе му го диктира.

Од ВМРО додаваат дека претседателот Пендаровски ќе ја врши својата должност но како што велат нема да биде претседател на граѓаните, бидејќи се срамеше од македонската химна, се срамеше да каже кој јазик го зборуваат Македонците во Грција, се срамеше од сопствениот народ кој го нарекуваше стока, сурати, роботи, а единствено на кое се гордееше беше поддршката на Зоран Заев и лидерите од владеачкото мнозинство. Тоа само говори дека како почна, така и ќе тера, ќе биде претседател на власта, но не и нанародот.

Како поддржувач и одобрувач на криминалот на Заев, едно е сигурно, Стево Пендаровски ќе биде сидрото на власта кое ќе не држи далеку од европските вредности европската перспектива на македонските граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести