Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 22:22

ЗАЕВ: „Постои голема љубов помеѓу мене и Ципрас за средбата„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ова е прва официјална посета на еден премиер на Грција и верувам дека ќе бидеме задоволни од перспективите што се отвораат од оваа посета, изјави Заев, за посетата во Македонија, на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

На прашањето што ќе биде во фокусот на разговорите при официјалната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, најавена за во вторник, Премиерот Заев на денешната посета во Прилеп, рече дека на средбата ќе се разговара за преку 30 прашања од сите области важни за двете земји Република Грција и Република Македонија, особено за економските зашто ќе има средба на стопанските комори од двете земји.

Драго ми е што постои голема желба и љубов од двете страни за средбата. Се отвораат прашања, само треба да провериме колку имаме капацитет за некои да ги реализираме, истакна Заев.

– Прашањата се многу, преку 30. Некои земји кои ја испуштиле соработката, сега сакаат се. Во фокусот на разговорите се економијата, енергетиката, културата, здравството, образованието, социјалната заштита…

Во попладневните часови премиерите Заев и Ципрас ќе учествуваат на бизнис форум. Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизинис делегација што ќе сочинуваат претставници на над 70 големи и средни компании.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 2 април ќе ја посети Република Македонија. Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Македонија.

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а потоа и заедничка прес-конференција во Владата. Ќе биде одржана и меѓувладина седница.

Предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести