Усвоивме Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ што е чекор кон зголемена одговорност, отчетност и транспарентност на партијата.

Објавил: Перо Милчин | 6 јануари, 2021 15:01

ЗАЕВ: СДСМ уште подобро ќе им служи на граѓаните – ние сме фаворити на сите анкети

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната онлајн седница на Централниот одбор на СДСМ донесовме сериозни одлуки што значат уште поголема демократизација на нашата партија. Започнуваме со постапката за организација на првите непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, следува ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите кои ќе гласаат за нов претседател на партијата оваа година, изјави предмалку премиерот Заев!

Усвоивме Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ што е чекор кон зголемена одговорност, отчетност и транспарентност на партијата.

Формиравме Форум на пензионери на СДСМ, со што даваме дополнителна вредност, но и мотивација кон оваа категорија наши сограѓани и членови да се вклучат во креирањето на мерки и политики.

Со години покажуваме дека знаеме и да победуваме, но и постојано да се менуваме, да ја демократизираме нашата партија, да даваме пример на останите партии.

Затоа СДСМ постојано е фаворит на сите анкети, затоа ја имаме довербата од граѓаните, тие ги препознаваат и ги вреднуваат нашите државнички политики. СДСМ во новата година влегува со нова енергија подгтотвени да одговориме на сите предизвици.

Оваа година ќе биде година на вакцината против коронавирусот и целосен рестарт на економијата, изјави премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести