Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Објавил: Перо Милчин | 18 јануари, 2021 11:39

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8000 вакцини од „Фајзер“.

Имам чест да соопштам една добра вест. Србија преку претседателот Вучиќ понудија помош, и ние ја прифативме. Тие се согласија да ни помогнат со тоа што ќе ни дадат 8000 вакцини од Фајзер, а за другите вакцини имаат договори кои треба да проверат. Ќе информираме соодветно. Јас сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ да изразам благодарност до Србија. Ова е сериозен чин на пријателство.“, рече Заев.

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Вакцините од Србија, како што рече Заев, ќе ги платиме по набавната цена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести