Заев му изразува поддршка на Пендаровски и најавува дека заеднички, ги чека многу работа, а одговорноста е голема.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2019 10:46

ЗАЕВ: “Честитки Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски.

Премиерот Заев му изразува голема поддршка на Стево Пендаровски и рече дека заеднички, ги чека многу работа, а одговорноста е голема, бидејќи се работи за Македонија. Во честитката Заев вели дека граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво.

Честитката ви ја презентираме во целост:

Денеска нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Македонија убаво место за живеење. Денеска Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот, пишува во честитката.
Според премиерот, граѓаните потврдија дека мора да се продолжи напред, преку заедништво.

-Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести