Според полициски извори не е јасен мотивот на заложничката драма, додека очевидци упорно тврдат дека слушнале и два истрели за кои полицијата нема доказ

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 15:37

Заложничка драма во Келн, затворена главната железничка станица

Фото/Текст извор: ©20min.ch

Главната железничка станица во германскиот град Келн е затворена поради заложничка ситуација, соопшти полицијата.

Вооружен маж зел жена како заложник, а како што пренесува “Ројтерс”, повикувајќи се на германскиот весник “Фокус”, на станицата се слушнале истрели од огнено оружје.

На железничката станица во германскиот град Келн, вистинска жаложничка драма. Засега неидентификуван напаѓач, киднапирал девојка, при што полицијата по интервенција успеала да го совлада. Жртвата поминала со помали повреди а полицијата го испитува мотивот на нападот.

Нема жртви или повредени.

Полициски кордон е поставен околу железничката станица. Испратено е и дополнителено полициско засилување.

Откажани или одложени се линиите на станицата во Келн.

Во меѓувреме, сторителот e фатен од страна на полицијата.

На ова претходеше настан кога беше киднапирана најмалку една жена во аптека во главната станица.

Човекот според полицијата бил вооружен но не е потврдено дека пукал. Жената е пренесена во болница со помали повреди.

Некои минувачи, наводно, мирисале на чад и слушнале две детонации. Според очевидци на заложувањето му претходеше инцидент во филијалата на Мекдоналдс во централната станица.

Како резултат на тоа, била грабната девојката. Не е јасно дали овие податоци се точни. Полицијата се уште без потврда за мотивот. Полицијата ја проверува и потенцијалната терористичката позадина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.