Укинувањето на Екстерното беше бонусот што актуелната влада со гордост го најави и го спроведе, дали сега се кае што воведува „Национално„?

Објавил: Македонка Димкин | 9 септември, 2018 22:14

Заменикот Министер Атанасов: резултатите нема да влијаат врз успехот?

Фото/Текст извор: ©деца.мк

Работна група во Министерството за образование и наука (МОН) периодов на големо работи на подготовка на нов вид тестирање кое треба да го замени екстерното. Основците ќе бидат дел од ново, т.н. национално тестирање, открива за Деца.мк заменик-министерот за образование Петар Атанасов.

Според него, се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Едното тестирање треба да се спроведе во четврто одделение, а другото во деветто одделение.

Ова е модел кој веќе се применува во Словенија. По ова прашање веќе правиме конкретни чекори. Разговарав со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и за проекциите во однос на проверката на објективноста на оценувањето на наставниците. Ќе има национално тестирање и евалуација. Користиме странски искуства. Голем тим од МОН ја посети Словенија и сериозно се посвети на ова. Национално тестирање ќе има барем во две училишни години, по примерот на Словенците. Таму се спроведуваат вакви тестирања во две училишни години од основното образование. Тестирањето целосно ќе го спроведе ДИЦ, а веќе има и комисија, која има работна програма. Прашањата на кои ќе одговараат децата ќе бидат од адаптираниот  материјал – објаснува Атанасов.

Учениците да бидат спокојни – резултатите нема да влијаат врз успехот

Проф. д-р Петар Атанасов oд 1990 до 1994 година работи како новинар во Македонската телевизија, најпрвин во Информативната програма, а потоа и во Редакцијата за надворешна политика. Од 1994 до 2001 година работи во Министерството за одбрана, најпрво како советник за односи со јавноста и портпарол на министерот, а потоа и како уредник во издавачката дејност на Министерството.
Од 2006 година е член на Научниот борд на Центарот за европски и ориентални студии на Универзитетот во Болоња. Од 2008 до 2010 е визитинг професор на Универзитетот Американ колеџ-Скопје. Од 2012 година е член на Бордот на научното списание Политичко однесување и за политички анализи од Букурешт на Југоисточна Европа.

Тој потенцира дека резултатите од тие тестови нема на ниеден начин да влијаат врз учениците и врз наставниците.

Екстерното тестирање беше укинато зашто беше лош проект. Анализите за екстерно никогаш не го виделе светлото на денот, не се знае зошто тоа беше спроведувано и во практика не донесе никаков квалитет. Ние не сакаме никого да плашиме. Ние сакаме резултат. Сакаме да знаеме какви резултати имаме и согласно нив, да знаеме што да исправаме. Родителите, учениците и наставниците не треба да се грижат затоа што нема да има споредување на оценки, нема да има последици врз нив. Намерата е само да се провери што имаме во системот за да можеме да го подобруваме. Тие резултати ќе ги користиме за креирање идни политики, да видиме каде е потребно да се движиме понатаму. Нема да има казни за наставниците. Сè уште сето ова е во почетна фаза – појаснува заменик-министерот.

 Петар Атанасов од редовите на СДСМ до пред скоро си поднесе оставка од функцијата  пратеник, на која беше избран од граѓаните.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...