Денеска во претрес во домот на Х.Е од Скопје беа пронајдени 229 кеси марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 20:15

Запленети околу 300 килограми марихуана во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска (петок 4.1.2019), врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел.

Во претресот беа пронајдени 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е дадена за вештачење и мерење.
По документирањето на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести