Собирање податоци ќе се вржи од 16 ти новембри 2018 година и истото ке има голема значајност за состојбата на жените и децата во Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 18 ноември, 2018 2:11

Државниот завод за статистика започна собирање податоци за состојбата на децата и жените во земјата.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што е изјавено во соопштението на Државниот завод за статистика, во партнерство со УНИЦЕВ и УНФПА викендов ке започне со податоци за состојбата на децата и жените кои живеат во Република Македонија, во рамките на една од најголемите меѓународни програми за истражувања во домаќинствата МИКС (Мултииндикаторско кластерско истражување).

МИКС е сеопфатен извор на податоци за деца и жени со кој се опфатуваат споредливи показатели за храна,рани бракови,детски труд,функционалност на децата и возрасните(попречености),ран детски развој,образование и другите свери што влијаат на благосостојбата на децата.

Директорот на државниот завод за статистика во Република Македонија г. Апостол Симовски изјави: ”Ги повикуваме сите домаќинства да ги отворат вратите на нашите анкетари,бидејќи со овие податоци земјата и понатаму ќе развива политики и насочени интервенции со цел да се подобри состојбата на жените и децата во Република Македонија”.

Државниот завод за статистика исто така во изминатава недела ја изненади јавноста со својата најава дека на пописот, кој треба да се спроведе во 2020 година, нема воопшто да се поставува прашањето за етничката припадност на анкетираните, токму прашањето што беше клучна причина поради која пропадна претходниот попис во 2011 година.Актуелен директор на дзс г.Апостол Симовски.

Собирање податоци ќе се вржи од 16 ти новембри 2018 година до март 2019 г во 6240 домаќинства во земјата одбрани по случаен примерок.Последното истражување на МИКС во земјата се одржа во 2011 година во Македонија.Земјата учествуваше во третата и четвртата серија на МИКС, односно во 2006 и во2011 година.

Со податоците од овие анкети се потпомогна развојот на националните политики, планови и програми и се следеше напредокот на децата и жените. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти!

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем...

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите...

Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто во 2018 година, сега изнесува 23,1 проценти, со што, според претставници на Евротинк, таа ја заменува традиционалната позиција на Грција.

Македонските граѓани сметаат дека Бугарија е наш најголем непријател

Најголем дел од македонските граѓани сметаат дека најголем надворешен непријател...