Сведоци сега се плашат дека со префрлање на предметите во Јавното обвинителство можат да бидат компромитирани односно дека нивниот идентитет може да биде откриен.

Објавил: Весна Петровска | 19 септември, 2019 16:52

Заштитени сведоци на СЈО пред откажување, не веруваат на државното обвинителство

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Извори во одбраната на луѓе инволвирани во предметите на СЈО тврдат дека најмалку еден од заштитените сведоци од случаите кои беа водени во сега згаснатата институција бара посебни гаранции дека и во иднина неговиот идентитет ќе биде целосно заштитен.

Во домашната судска пракса, па и во пошироката јавност, многу се користи терминот „заштитен сведок“ иако во суштина само мал број од сведоците биле заштитени, додека останатите биле загрозени сведоци или лица со прикриен идентитет, па оттука произлегува потребата да се направи дистинкција помеѓу овие термини…

Сведоци сега се плашат дека со префрлање на предметите во Јавното обвинителство можат да бидат компромитирани односно дека нивниот идентитет може да биде откриен.
Нивните правни советници им сугерираат дека ЈО мора да имаат идентични или приближно безбедни протоколи за заштита на идентитетот на тајните сведоци какви што функционирале во СЈО.

Дали дел од заштитените сведоци ќе се откажат од сведочење поради страв од откривање на нивниот идентитет сега зависи од ЈО кое мора да воспостави содветни протоколи кои засега се различни од тие што беа воспоставени во СЈО, тврдат правни застапници.

Поранешните обвинители во СЈО Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“.

Пред Донев и Јосифовска, уште тројца поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

По прекинувањето на мандатот во СЈО, Советот на јавни обвинители ја врати Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, а Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и консалтинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје.

Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ-Латас за 63 илјади

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести