Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 октомври, 2020 11:15

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 303 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатата недела (15.10 – 21.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 303 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 262 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 41 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести