Катица Јанева на денешната дебата во МАНУ, за реформите во обвинителството, кажа дека треба да се најде начин и каде ќе завршат бомбите.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јануари, 2019 19:29

За Катица Јанева бомбите еден ден ќе бидат големо богатство

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Катица Јанева на денешната дебата на МАНУ, рече дека СЈО треба да израсне во силен орган на прогон а исто така и трајно обвинителство, организирано како сите обвинителства, со финансиска независност.

Јанева рече дека никој да не смее да се меша во протокот на предмети, а шефот на СЈО да има мандат од пет години со тоа што обвинителите, треба да ги избира Советот на јавните обвинители.

Ова е мислата на Катица Јанева за тоа како СЈО треба да продолжи да функционира во иднина, за што и во обвинителството се подготвува нов Закон за СЈО.

Катица Јанева на денешната дебата во МАНУ, за реформите во обвинителството, кажа дека треба да се најде начин и каде ќе завршат бомбите.

-Предложивме до Министерството за правда да се формира тело кое ќе реши каде ќе се чуваат овие бомби, бидејќи предметите нема брзо да завршат. Еден ден тие ќе бидат историско богатство, истакна Јанева

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести