За една ноќ згаснаа два млади животи во Делчево и Радовиш

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 11:31

Згаснаа два млади животи – еден во сообраќајна несреќа еден во чин на самоубиство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Жителите на Делчево во шок откако нивни сограѓанин изврши самоубиство со огнено оружје.

“На 25-ти август 2018-та година околу 14:30 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на улица “4-ти Јули” во сопствениот дом самоубиство со огнено оружје – пиштол извршил Д.Ш. (19) стои во соопштението на МВР.

Извршен е увид на местото на настанот а случајот го превзел надлежен Јавен обвинител.

Нешто покасно млад мотоциклист загина во Радовиш.

Како што стои во билтенот на МВР утринава околу 02:05 часот на улица “Илија Алексов” во Радовиш Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл “Кавасаки” со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка “ИМТ”. Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на настанот и случајот е предаден на надлежен Јавен обвинител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести