Заборавете и голтајте сплачини од ЕУ, САД и другите партнери во злосторство. За барем умот да си го сочувате, пишува Зеколи.

Објавил: admin@magazin | 13 септември, 2019 18:49

ЗЕКОЛИ: „НЕ Е МРТВО СЈО – Никогаш не ни било живо, таа Зомби имитација на Обвинителство„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Мртва е правдата и секоја шанса дека ќе има санкции за ова злосторничка здружба, тврди политичкиот аналитичар Арсим Зеколи, кој ги коментираше изјавите дека Специјалното јавно обвинителство е мртво.

Не е мртво СЈО. Никогаш не ни било живо, таа Зомби имитација на Обвинителство. Мртва е правдата и секоја шанса дека ќе има санкции за ова злосторничко здружба. Заборавете и голтајте сплачини од ЕУ, САД и другите партнери во злосторство. За барем умот да си го сочувате, пишува Зеколи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја закажа за утре во 13 часот.

За разрешување на обвинителката Катица Јанева треба да гласаат најмалку 80 пратеници.

Согласно Законот за СЈО, одлуката на Собранието ќе биде испратена до Советот на Јавни обвинители кој и официјално треба да го потврди разрешувањето на специјалната обвинителка.

Доколку утре не се случи пред 15 септември, мандатот на обвинителката Катица Јанева ќе истече и таа ќе се спаси од разрешувањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести